Продукти
Почетна »Нематмиел
НЕMАТМИЕЛ е биостимулатор со нематоциден ефект кој овозможува ефикасен и природен начин во борбата против нематоди.
СОСТАВ
Сулфур (SO3) – 57,2% – лесно растворлив во вода
Железо (Fe) – 0,02% – лесно растворливи во вода
Придобивки
Нематмиел како биостимулатор ги снабдува растенијата со железо и сулфур. Истовремено е многу ефикасен во подобрувањето на биолошката состојба на почвата. Оксидационата способност на комплексот и закиселувачкиот ефект од S (IV) и Fe помага при разградување на хитинската обвивка на инсектите и нематодите кои се наоѓаат во почвата. Исто така, врши минерализација на органската материја при што непрекинато се одржува биолошкиот синџир на исхрана на растенијата.
Примена и дозирање
Се применува за сите видови култури кај што се забележува присуство на нематоди а особено за градинарски култури. Се аплицира преку системот капка по капка двапати месечно за време на целата вегетација кај градинарски култури, додека во овоштарството и лозарството се употребува на почеток на вегетацијата.
ГРАДИНАРСТВО
4-5кг/хектар – фертиригација
ОВОШТАРСТВО И ЛОЗАРСТВО
4-5кг/хектар – фертиригација