Продукти

Почетна » Neem Drop +

Neem Drop +

Маслото NEEM DROP + се добива со ладно цедење од семето на растението Azidaractha Indica, кое содржи активна материја Azadirachtin. 100% органско масло целосно БИОРАЗГРАДЛИВ БЕЗБЕДЕН ЗА КОРИСНИ ИНСЕКТИ Маслото има кафеава боја со мирис на лук Neem Drop + делува како природен растителен инсектицид Одржува долготрајна контрола на штетници Инсектите не можат да развијат резистентност на производот Сосема безбеден за луѓето, животните, растенијата и животната средина PH на маслото е 6.5-7.5 Чистото Neem масло делува на преку 600 видови на разни штетници и инсекти. Делува на секоја развојна фаза во животниот циклус на инсектите, како контакно така и системично.

Карактеристики

РЕПЕЛЕНТНО ДЕJСТВО

Инсектицидите со Аzadirachtin не ги уништуваат возрасните инсекти веднаш. Горкиот мирис ги одбива инсектите и тие престануваат да се хранат на третираната површина.

ОВИЦИДНО ДЕJСТВО

Cпречува положување јајца: Инсектите престануваат да положуваат јајца поради целосен недостаток или деформација на хормонот екдизон. Во случај на положени јајца спречува

нивно оплодување.

РЕГУЛАТОР НА РАСТ ДЕJСТВО

Инсектицидите со Аzadirachtin се инхибитори на преобразбата на инсектите. Активната материја Аzadirachtin делува на хормонот екдизон односно на неговата деформација при што промените во екдизонот спречуваат инсектите да напредуваат во фазите на животниот циклус (премин од ларва во кукла па до возрасна единка). Физиолошката реакција на azadirachtin кон екдизон има извонреден ефект врз растот на органите на инсектот, третираните инсекти не се развиваат нормално и следствено умираат.

ANTI FEEDANT ДЕJСТВО

Aктивната состојка Аzadirachtin влијае на инсектите и го менува нивниот невролошки систем. Инсектите престануваат да се хранат од третираните растенија и умираат од глад.

Примена и дозирање

Маслото од NEEM DROP + се применувa фолијарно или во систем капка по капка за контрола на разни штетници на растението и штетници што се пренесуваат од почва, ларви и нематоди.  

Измешајте еден литар Neem Drop + со 80-100 литри, повторете ја апликацијата на секои 10-15

дена, а во случај на голема популација на штетници применувајте на секои 7 дена.