Продукти

Почетна » Динокарб

Динокарб

ДИНОКАРБ претствува фолијрано ѓубриво и биостимулатор, кој го поттикнува развојот и го зголемува имунитет на растенијата. Ги обезбедува во растворлива форма основните елементи јаглерод (С) и кислород. Го стимулира зголемувањето на хлорофилот, го зголемува интензитетот на фотосинтеза, ја регулира рамнотежата на водата и транспирацијата, го забрзува раниот развој на кореновиот систем. 

ДИНОКАРБ претставува микронизиран (со просечна големина на честичка од 3 µm)  и енергизиран со специјална нанотехнологија природен калцит, без дополнителен хемиски третман.

DYNOCARB има сертификат за ОРГАНСКО производство издадено од германски FiBL.

Состав

Калциум – 53% [CaO],

(94% CaCO3)

Магнезиум – 1,2% [MgO]

Силициум – 1,75% [SiO2]

Железо – 0,2% [Fe2O3]

и други микроелементи

Придобивки

– Ја зголемува цврстината на плодот при што индиректно влијае на појавата на ботритис.

– Зголемено производство на полифеноли кои го подобруваат имунитетот на растенијата, како и против напади на болести и патогени, што на крајот доведува до намалување на употребата на пестициди.

– Зголемување на големината на хлоропластот и зголемување на интензитетот на фотосинтезата и оттука – приносите.

– Регулирање на транспирацијата и рамнотежата на водата, и на тој начин ги намалуваат потребите за вода.

– Забрзување на раниот развој на коренскиот систем.

– Зголемување на синтезата на протеини, што доведува до производство со повисок квалитет.

– Поволно влијание врз целокупниот развој на растенијата.

– Подобрена апсорпција на хранливи материи.

Примена и дозирање

Динокарб е целосно растворлив во вода. Неговото аплицирање се врши со обична земјоделска опрема за прскање. Може да се аплицира индивидуално и во комбинација со фолијарни ѓубрива, фунгициди или инсектициди.

ФОЛИJАРНА АПЛИКАЦИJА 

Овоштарство 2кг/хектар

Лозарство 2-3 кг/хектар

Градинарски култури 1.5кг хектар