Продукти
Почетна »Аско Макс Томато
ASCO MAX TOMATO е високо концентрирано ѓубриво специјализирано за прихрана на домати , а воедно и одличен подобрувач на почва. Содржи хуминска киселина, морски алги, макро и микро елементи. Asco Max Tomato е така дизајниран да го снабдува растението со витамини, макро и микро елементи во правилни и точни количини за здрав и попродуктивен раст и развој. Хуминската киселина им овозможува на растенијата да ги присвојат (искористат) сите хранливи материи од почвата поради своите хелатни својства и да го поттикне растот, здравјето и структурата на кореновиот систем. Морските алги се користат како елемент кој врши рамнотежа (баланс) во прехранбениот систем на растението тие содржат макро и микро елементи, природни хормони за раст, органски киселини, полисахариди, аминокиселини и протеини. Токму поради тоа морските алги го подобруваат цветањето, го зајакнуваат природниот одбранбен механизам на растението и го намалуваат губитокот на протеини и хлорофил и на тој начин го продолжуваат рокот на траење на плодовите.
Состав
Хуминска киселина 10,00%
Морски алги 1,20%
Калиум (K2O) 8,00%
Микроелемнти: Цинк (Zn),
Железо (Fe), Манган (Mn),
Бор (В), Бакар (Cu), Молибден (Мо)
Придобивки
– Го подобрува ‘ртење на семето.
– Го поттикнува растот и развојот на растението.
– Го поттикнува растот, здравјето и структурата на коренот.
– Ја поттикнува работата на корисните микроорганизми во почвата.
– Поголема отпорност на растението на стрес (температурни шокови и временски непогоди).
– Го подобрува цветањето.
– Ги зголемува приносите, квалитетот и вкусот на плодовите (еднакви плодови, добар вкус и боја).
– Помага и го забрзува процесот на создавање на хелатни форми кои се достапни за растенијата.
Примена и дозирање
ФОЛИJАРНА И АПЛИКАЦИJА ВО ПОЧВАТА
Измешајте 1л ASCO MAX TOMATO со 60л вода за фолијарно или во систем капка по капка.
За површина од 1 -2 декар.