Винова Лоза – Грозје
За поголемо оплодување, поголема отпорност на болести, повеќе шекер и подобар квалитет.
1.Фолијарно, пред цветање
- 10-15 литри мултиблум (5)
- 3 литри екстракт од морски алги (5)
- вода за да може да се покрие површина од 1 хектар
2.Фолијарно, 15-21 ден по првата апликација односно по завршувањето на цветањето
- 10-15 литри мултиблум
- 3 литри екстракт од морски алги
- вода за да може да се покрие површина од 1 хектар
3.Фолијарно, на средина од сезоната (кога ќе почне зрното да расте)
- 10-15 литри мултиблум
- 3 литри екстракт од морски алги
- вода за да може да се покрие површина од 1 хектар
*Во случај на оштетување од град, препорачливо е виновата лоза да се прска фолијарно со смеса од:
- 10 ÷ 15 литри мултиблум
- 5 литри екстракт од морски алги
- вода за да може да се покрие површина од 1 хектар
За зголемување на микробиолошката активност и за зголемување на растот на растението препорачливо е додавање на хумусна киселина. Хумусната киселина се додава во почвата еднаш месечно преку системот кап-по-кап во однос 10 литри хумусна киселина на 1 хектар.
НАПОМЕНА
По завршување на бербата препорачливо е фолијарно да се направи уште една апликација, за да може виновата лоза да има доволно хранливи материи во текот на зимскиот период и да бидат многу по подготвени за наредната сезона.