Продукти
Почетна »EM 5
EM – 5 се состои од природни состојки на ферментирани ефективни микроорганизми, добиени врз основа на размножување преку синергиска поврзаност на самите микроорганизми. Миксот од природни состојки и „жива материја“ делува пробиотички на сите причинители на биоценозата преку создавање на идеални услови за раст и развој.
Состав
Ефективни микроорганизми (ЕМ)
Меласа,коприва, лук, лути пипреки, оцет и алкохол.
Придобивки
Со примена на ЕМ – 5 се зголемува корисната микрофлора и микрофауна во почвата која директно влијае на искористувањето на хранливите елементи кои се наоѓаат во почвата, односно се подобрува микробиолошката активност. Помага при разградување на пестицидите и разградување на недостапните соединенија до степен достапни за самото растение. Поради специфичноста на составот со „инфицирање“ на почвата и растенијата со ЕМ-5 доаѓа до зајакнување на имунитетот на самото растение поради големото присуство на антиоксиданти, а со тоа дирекно се делува против развојот на патогени болести (габични,бактериски) и штетници. ЕМ-5овозможува биолошка борба против патогените преку создавање на поголем број корисни микроорганизми во однос на паразитските микроорганизми. Целта на ЕМ-5 е да со долгорочно користење се намали употребата на пестициди со што би се добиле поквалитетни и поздрави плодови. Поради антиоксидативните состојки може да се употреби и при складирање и чување на плодовите ЕМ-5 микроорганизмите брзо се адаптираат на условите на теренот и имаат голем степен на репродукција со што дополнително се зголемува нивиот број. Независно од тоа дали се аплицираат фолијарно или почвено тие рамномерно се распространуваат по целата површина па и на самите растенија бидејќи имаат високо ниво на подвижност.
Примена и дозирање
ГРАДИНАРСТВО
(фолијарно/фертиригација) – 5-10л /хектар
ОВОШТАРСТВО И ЛОЗАРСТВО
(фолијарно/фертиригацијa) – 5-10л /хектар