Продукти
Почетна »SM 10
SM 10 ТЕЧЕН ЈАГЛЕРОД е производ кој наоѓа широка примена во земјоделското производство. Се користи за подобрување на квалитативните својства на почвата, биологијата на почвата, ја обновува почвата и влијае на ревегетацијата, помага кај солени почви и биоремедијација. SM 10 е компатибилен со течните ѓубрива, микроелементи, заштитни средства и вода (значи може да се меша). SM 10 е органски подобрувач на почвата кој содржи јаглерод и азот (од органско потекло), не содржи тешки метали, нитрати и хлориди.
Состав
Оргaска материја – (D.P) 20%
Органска материја (S.T) 80%
Органски Јаглерод (С) 13 %
Вкупно Азот (N) 10%
Хуминска киселина 6%
Калциум карбонат 0,33%
pH вредност 7-8
Придобивки
– Помага во детоксикација на почвата.
– Помага при десолонизација на почвата (солени почви).
– Ја намалува збиеноста на почвата.
– Прави комплекс од високо хранливи материи.
– Ја зголемува достапноста на вода и хранливи материи.
– Ја потикнува микробиолошката активност.
Примена и дозирање
АПЛИКАЦИJА ВО ПОЧВАТА
15-20 литри SM 10 ТЕЧЕН ЈАГЛЕРОД да се разреди во доволна
количина вода за да се покрие површина од 1 хектар.
ФОЛИЈАРНА АПЛИКАЦИJА
5-10 литри SM 10 ТЕЧЕН ЈАГЛЕРОД да се разреди во доволна
количина вода за да се покрие површина од 1 хектар.