Продукти

Почетна » Драматик О
168521107_5229160520488457_2567517490989854122_n

Драматик О

ДРАМАТИК О е органско течно N, P, K ѓубриво добиено од слатководна риба, природно богато со 15 аминокиселини , 13% рибини протеини, рибино масло и омега 3. Се апсорбира преку листот и коренот и е компатбилен е со другите средства за прихрана

Состав

Вкупен азот (N) 2%

Вкупен фосфор (P2O5) 5%

Вкупен калиум (К2О) 0.2%

pH вредност 3.5

Придобивки

Присуството на природни аминокиселини во ДРАМАТИК О, овозможува да БЕЗ сонце и фотосинтеза, растението ги земе хранливите материи од ДРАМАТИК О преку коренот, особено при расадувањето. Овој проблем се јавува во тек на зимскиот период, кога има голем број на денови без сонце и фотосинтеза а вештачките ѓубрива немат дејство (при употребата на вештачките ѓубрива, неопходна е фотосинтеза за да растението ги земе хранливите материи од ѓубрето и да бидат достапни во растението).

АНТИСТРЕС СРЕДСТВО. Во тек на вегетацијата, растенијата трпат големи стресови, како што се ниски или високи температури, суши и поплави, денови без сонце и сл. Со користење на ДРАМАТИК О, растенијата многу подобро ги претрпуваат овие стресни ситуации па затоа ДРАМАТИК О има одлично антистрес дејство, зголемувајќи го имунолошкиот систем на самото растение.

Во вакви стресни услови, со употребата на ДРАМАТИК О, кој во себе содржи 13 природни аминокиселини, се овозможува непрекината вегетација и растението е многу поотпорно на болести.

Примена и дозирање

ГРАДИНАРСТВО 

 Се аплицира по 3-5л/ха на секоја апликација:

-На секои 10-15 дена во тек на целата вегатација до берба

ОВОШТАРСТВО И ЛОЗАРСТВО 

Се аплицира по 3-5л/ха на секоја апликација:

-5-10 дена пред цветање

-10-15 дена по завршување на цветањето

-Во фаза на растење на формираните плодови

-10-15 дена пред берба

ЦВЕЌАРСТВО

Се аплицира како раствор од 0,3 л на 100 литри вода