Продукти
Почетна »Алуд
АЛУД претставува бистимулатор со фунгициден ефект со системично дејство. АЛУД е соединение од стабилни молекулски комплекси на различни метали Манган (Мn) и Цинк (Zn), како Хидрокси метил меркаптан, во форма на тетраглуконати. АЛУД навлегува системично и се пренесува со соковите на растенијата, па на тој начин дејствува како дезинфикатор на спроводните (васкуларни) садови на растенијата.
Состав
Манган (Mn) 0.8% водорастворлив
Цинк (Zn) 1.2% водорастворлив
Придобивки
АЛУД доставува на земјоделските култури хранливи материи и активира биосинтеза на полифеноли. Има фунгицидно дејство на начин што го остранува постоечкиот габен мицелиум на ендоваскуларните болести, како кај градинарски култури така и кај лоза и овошни култури.
Примена и дозирање
ГРАДИНАРСТВО
– Фолијарно – 0,2-0,4 л/декар.
– Фертиригација – 0,4-0,6 л /декар.
ОВОШТАРСТВО И ЛОЗАРСТВО
– Фолијарно – 0,2-0,4л/декар.
– Фертиригација – 0,4-0,6 л /декар.