Продукти

Почетна » Мултиблум
Мултиблум

Мултиблум

MУЛТИБЛУМ е органско течно N, P, K ѓубриво добиено од слатководна риба, природно богато со аминокиселини, 13% рибини протеини, рибино масло и омега 3.

МУЛТИБЛУМ е 100% органски и еколошки производ кој е богат е со макро и микро хранливи материи, минерали, пептиди и аминокиселини.  Се апсорбира преку листот и коренот и е компатбилен е со другите средства за прихрана

Придобивки

Присуството на природни аминокиселини во МУЛТИБЛУМ, овозможува да БЕЗ сонце и фотосинтеза, растението ги земе хранливите материи од МУЛТИБЛУМ преку коренот. Овој проблем  се јавува во тек на зимскиот период, кога има голем број на денови без сонце и фотосинтеза а вештачките ѓубрива немат дејство (при употребата на вештачките ѓубрива, неопходна е фотосинтеза за да растението ги земе хранливите материи од ѓубрето и да бидат достапни во растението).

Антистрес ѓубре. Во тек на вегетацијата, растенијата трпат големи стресови, како што се ниски или високи температури, суши и поплави, денови без сонце и сл. Со користење на МУЛТИБЛУМ, растенијата многу подобро ги претрпуваат овие стресни ситуации па затоа МУЛТИБЛУМ има одлично антистрес дејство, зголемувајќи го имунолошкиот систем на самото растение. Во вакви стресни услови, со употребата на МУЛТИБУЛМ, кој во себе содржи 13 природни аминокиселини, се овозможува непрекината вегетација и растението е многу поотпорно на болести.

МУЛТИБЛУМ придонесува за:

  • поголеми и поквалитетни приноси
  • поттикнување на работата на корисните микроорганизми со што се подобрува микробиолошката активност на почвата
  • брзо обновување и дополнување на осиромашената почва
  • поттикнување и создавање на шеќер во растенија што обезбедува поголема отпорност од болести
  • подобрување при цветањето и растот на растенијата, како и вкусот на овошјето и зеленчукот
  • подобрување на здравјето на растението и подобрување активноста на хранливите материи

Начин на употреба

Мултиблум
Мултиблум